Германското Министерство за одбрана ја потврди автентичноста на интерен разговор меѓу четворица офицери на Бундесверот. Руските пропагандни канали во петокот попладне објавија снимка од разговор за кој се наведува дека е од 19 февруари, а се однесува на украинската војна, поточнно евентуалната испорака на ракети со долг дострел „Таурус“ за Киев.
„Сојузната канцеларија за воена контраразузнувачка служба (БАМАД) ги презема сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за агенцијата ДПА.
Маргарита Симонјан, шефица на рускиот државен канал РТ, во петокот објави аудио снимка од, приближно, 30-минутен разговор кој најверојатно е пресретнат. На снимката се слуша како четворица офицери на Бундесверот разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета „Таурус“. Притоа, Симонјан не кажа како дошла до снимката.
Руските медиуми ја пренесоа снимката на која се дискутира по прашањето – дали германските крстосувачки ракети се технички способни да го уништат мостот што го подигна Русија кон полуостровот Крим.
Канцеларот Олаф Шолц на почетокот на неделата изнесе детални причини за својата одлука да не испорача „Таурус“, Нивната потреба во Украина би наложила и учество на германски војници кога станува збор за програмирање на цели, рече тој. Шолц стравува дека Германија на тој начин би можела индиректно да биде вовлечена во војна.
„Бидејќи никој не знае зошто канцеларот го блокира ова, природно се јавуваат најбизарни гласишта“, е цитат на инспекторот на воздухопловството, Инга Герхарц што го пренесува ЗДФ. Тој во приликата изразува фрустрација што мора да го исправа онба што го смета за погрешна информација за германските крстосувачки ракети.
Она што е „запаливо“ е што во објавената снимка очигледно наведува дека Британците во Украина имаат „свои луѓе на лице место“ во врска со употребата на нивнитге крстосувачки ракети „сторм шедоу“. Токму во Велика Британија се лути на таа изјава на Шолц кои многумина ја протолкуваа како индискреција.
„Она што го прават Британците и Французите во смисла на поставување на мети, Германија не може да го прави“, рече германскиот канцелар и остави отворени дилеми што точно сакаше да каже со тоа.
Меѓутоа, тие реченици од многумина се сфатени дека Французите и Британците имаат свои луѓе кои управуваат со крстосувачките ракети „скалп“ и „сторм шедоу“ кои ги испорачаа на Украина. Инсајдери во Бундесверот за ЗДФ изјавија оти веруваат дека снимката е автентична.
„Волстрит журнал“: Пресретнатите разговори ќе ги деградираат односите меѓу Германија и НАТО
Односите меѓу Германија и НАТО би можеле да се искомпликуваат поради пресретнатиот разговор во германската војска за плановите за можен напад на Кримскиот мост со употреба на ракетите „Таурус“, пишува „Волстрит Журнал“.
Како што наведува весникот, од разговорите на високорангирани германски офицери произлегува дека припадници на оружените сили на Велика Британија, на Франција и на САД веќе се наоѓаат во Украина и му помагаат на Киев во одржувањето и управувањето со „софистицираната западна опрема“.
Истовремено, наведените држави негираат присуство на свои сили на територијата на Украина. Американскиот весник наведува дека протечените разговори би можеле да предизвикаат тензии во односите меѓу Берлин и неговите сојузници во НАТО и оти веќе предизвикале гнев во Германија.
Според „Волстрит Журнал“, виртуелниот разговор меѓу офицери на германско воено воздухопловство е направен на платформата „Вебекс“, а еден припадник на германската армија се вклучил на виртуелниот состанок од Сингапур преку мобилен телефон. Неименувани германски официјални лица за американскиот весник изјавија оти „Вебекс“ редовно го користат за разговори припадниците на армијата, но и вработени во други министерства во Германија.











