Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија не планира да отвори конзулат во Гренланд

/

пред 239 дена

Сподели преку :

За разлика од Франција, Германија во моментов не планира да отвори генерален конзулат во Гренланд, јавува ДПА.

Федералната влада веќе е претставена во Гренланд од почесен конзул, соопшти денеска  германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека отворањето конзулат не е планирано во овој момент.

Франција вчера објави дека отворила генерален конзулат во Гренланд, станувајќи првата земја од ЕУ што го сторила тоа. Претседателот Емануел Макрон уште лани во јуни го најави создавањето на генерален конзулат во Нук, потсетува германската агенција.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во тоа време зборуваше за желбата да ја преземе контролата врз Гренланд, кој му припаѓа на Кралството Данска. Оттогаш тој двојно го зголеми притисокот, иако минатиот месец ја исклучи опцијата со употреба на сила, потсети ДПА.