Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија влезе во рецесија

/

пред 1238 дена

Сподели преку :

Германската економија влезе во техничка рецесија во првиот квартал од оваа година, додека домаќинствата ги затегаат трошоците. Податоците на германскиот Завод за статистика покажаа надолна ревизија на БДП од нула на -0,3% за првите три месеци од 2023 година. Ова доаѓа откако Германија забележа пад од 0,5% во последниот квартал од 2022 година.

Два последователни квартали со негативен раст дефинираат техничка рецесија. Најголемата европска економија беше под значителен притисок, особено по руската инвазија на Украина и последователната одлука на европските лидери да ги прекинат врските со Москва. Според заводот за статистика, германските домаќинства трошеле многу помалку во првиот квартал, при што расходите за финална потрошувачка паднале за 1,2% во тој период, бидејќи потрошувачите не сакале да ги трошат своите пари на облека, мебел, автомобили и слично.