Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германската економија сè уште зафатена од недостиг на квалификувани работници

/

пред 781 дена

Сподели преку :

Германската економија се уште има недостиг на квалификувани работници, е заклучокот од извештајот објавен денеска на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во истражувањето се наведува дека 33,8 отсто од германските компании се пожалиле на недостаток на квалификувана работна сила во август, што е нешто помалку од априлските 34,9 отсто.

Забавувањето на германската економија е една од причините за послабата побарувачка за квалификувани работници, смета експертот на МФО, Клаус Волрабе.

Тој додава дека проблемот со недостигот на работна сила во иднина ќе се влоши поради демографските промени во Германија.

Ситуацијата е особено тешка меѓу германските даватели на услуги, каде 39,7 отсто од испитаниците се жалат на недостаток на квалификувани работници. Слична е ситуацијата и со правните и даночните консултанти и ревизорските фирми. Во логистиката, речиси две третини од компаниите бараат соодветни кандидати, што важи и за 25 проценти од компаниите во производството.

Според извештаите, речиси 30 отсто од компаниите пријавиле недостаток на квалификувана работна сила во германската автомобилска индустрија.