Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германската компанија „Гери Вебер“ воведува четиридневна работна недела

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ им овозможува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

„Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување. На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие тоа го сфаќаат како признание и придонесува за поголема мотивација и лојалност“, изјави шефот на „Гери Вебер“ Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник „Билд“.

Според неа, таквиот модел ќе биде исплатлив и за компанијата и за вработените. Шиндлер-Обенхаус посочи дека таков модел и е потребен на Германија поради недостигот на професионална работна сила.