Безбедносните власти во Австрија, Германија и Шпанија добиле навестувања дека исламистичка терористичка ќелија може да се обиде да изврши неколку напади во Европа.
Цел на нападот може да бидат божиќните богослужби во катедралите во Келн, Виена и Мадрид, пишува германски Билд.
Неколку лица се уапсени, а според медиумите, екстремисти од Таџикистан наводно сакале да извршат напад.
Кучиња за откривање експлозив синоќа биле донесени во Келн и со часови барале експлозив во катедралата. Меѓу потенцијалните цели се божиќните богослужби во Келн, Виена и Мадрид.
Имајќи предвид дека терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади на христијанските празници, особено околу 24 декември, безбедносните власти ги зголемија соодветните безбедносни мерки на јавните простори во Виена и низ цела Австрија, јавните објекти се под засилен надзор.











