Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германската полиција го пријави, македонската го уапси – истрага против 27-годишен скопјанец за поседување и дистрибуција на детска порнографија

/

пред 422 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, осомничен за продолжено кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинителството, осомничениот во подолг временски период поседувал и разменувал фотографии и видеа со детска порнографија преку интернет апликации, веб-страници и форуми. Материјалите биле зачувани на неговиот мобилен телефон и таблет.

Истрагата е покрената по добиена информација од германската полиција, која идентификувала профил на апликацијата „Телеграм“ со телефонски број и ИП-адреса од Северна Македонија.

По наредба на Основниот кривичен суд – Скопје, извршен е претрес во домот на осомничениот, при што се пронајдени и одземени докази.

Ф.М. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Обвинителството предложи мерки на претпазливост, вклучително и забрана за користење интернет апликации и комуникација со лица со кои разменувал нелегален материјал.