Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германскиот канцелар Олаф Шолц позитивен на ковид-19

/

пред 1045 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тест за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе комуницира телефонски или онлајн.

Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц. Засега нема информации дали Шолц ќе може да ја води владината седница во среда.

Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирусот.