Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Глас и интерпретација која се среќава еднаш во 100 години – одбележани сто години од раѓањето на Васка Илиева

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Васка Илиева имаше глас и интерпретација која е неповторлива и која се среќава еднаш во сто години, вели Сузана Спасовска. Вечерашниот концерт, но и секоја изведба на нејзините песни е огромна чест и одговорност.

Својата музичка кариера Васка Илиева ја започнува токму во „Танец“, во 1950 -та година.  Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот.

Со изведбата на петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен и авторски репертоар, меѓу кои „Земјо македонска“,  „Судбо моја, судбино“, „Сестра брата кани на вечера“ и уште многу ТАНЕЦ уште еднаш на овој незаборавен концерт потсети за улогата на легендарната Васка Илиева и трајните вредности за македонската културна историја.

Во рамките на вечерашниот концерт на „Танец“ во чест на Васка Илиева беа прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на чествуваната уметница.

Нина Стефанова