Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Домаќинствата и сообраќајот се главни извори на загадување, најчести заболувања се респираторните, констатираат лекарите

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Последиците се видливи по здравјето, но причините мистерија за надлежните.  Сончевото време за миг ја затскри маглата, но загадувањето остана присутно. Зголемената концентрацијата на пм10 честички Македонија ја вбројуваат во статистиката на најзагадени градови во светот.Граѓаните алармираат за нивното здравје, надлежните во обид да го решат деценискиот проблем со аерозагадувањето.

Болниците полни, децата дишат загаден воздух, градинките и школите полни со ПМ честички, согласни надлежни.

Главниот град по загаден воздух често пати е меѓу европските и светските прваци. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови по аерозагадување. Според концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички во воздухот , Скопје утринава позициониран на четврото место како најзагаден град.Пред нас се Пакистан, Индија и Виетнам покажуваат податоците на платформата АЈ КЈУ ЕР , која воздухот во градот го означи како „нездрав“. И податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во сите скопски општини покажаа високо ниво на ПМ 10 честички. Според овие мерни станици загадување на воздухот има и во Тетово, Гостивар,Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.

Симона Петровска