Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија.
По изборот Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите.











