Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гоце Трајковски, кој требаше да сведочи на судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски е осомничен за тешко кривично дело

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Гоце Трајковски, кој требаше да сведочи на судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски е осомничен за тешко кривично дело и е недостапен за органите на прогон. скопскиот обвинител Гаврил Бубевски на денешниот брифинг со новинари откри дека Трајковски е во бегство. Тој е осомничен дека на 13 ноември подметал пожар во кафуле во скопската населба Кисела вода со што го загрозил животот на станарите во зградата каде се наоѓа угостителскиот објект.

Трајковски кој требаше да сведочи минатиот месец спроведувал паралелна истрага со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски со цел пронаоѓање на девојчето. Неговата мајка Кираца Трајковска на 15 ноември пред судот кажа дека нејзиниот син е оправдано отсутен односно имал паничен напад и висок притисок. Судењето продолжува на 16 декември.