Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Годишната инфлација 2,7 отсто, поскапува овошјето

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Цените во март се пониски за 1,3 отсто во однос на месец февруари, објави Државниот Завод за статистика (ДЗС). Годишната стапка на инфлација е 2,7 проценти.

Според Статистика, во март најмногу се намалиле цените на храната и безалкохолните пијалоци. Во однос на февруари, мартовската цена на зеленчикот и месото е помала за 3,8 проценти, а единствено зголемување во категоријата храна има кај овошјето.

На годишно ниво храната е зголемена за 2,1 процент. Највисок раст на цените е забележан кај угостителските објекти, рестораните и хотелите за 12 проценти на годишно ниво.