Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем долг и недостаток на персонал во болницата во Штип

/

пред 1626 дена

Сподели преку :

Лекари и медицински сестри заминуваат во пензија, а веќе втора година нивните испразнети места не се пополнуваат во штипската Клиничка болница, која е регионален центар и опслужува околу 250.000 пациенти од два региони.

Директорот на болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека лани заради пандемијата не добиле согласност за вработување на медицински кадар, на почетокот на оваа  година од Министерството за финансии побарале согласност за вработување на осум лекари и седум медицински сестри.

Медицински сестри се потребни на речиси сите одделенија, додека млади лекари во Анезтезиологија, Ортопедија, Хирургија и Очно.

Пополнувањето на овие места е со цел да се одобрат и нови специјализации за одделенијата, кои може да останат со неколкумина лекари.

Дополнителен проблем на болниците низ земјава им се сметките за струја, а на кои приватните добавувачи еднострано им ги раскинаа договорите.

Штипската болница кон ЕВН за февруари и март има долг од околу 10 милиони денари, а лани за 12 месеци потрошила и  платила за струја девет милиони денари.

Сега се чека новата сметката за април, по новиот склучен договор со приватниот добавувач.

Пандемијата ги истошти регионалните болници и клиники  низ земјава и за две и пол години битка со коронавирусот долгот им достигна  95 милиони евра.

Викторија Јованова