Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар меѓу селата Мамутчево и Милино – засега нема опасност по куќите

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Пожар на голема површина со сува трева и стрниште од вчера попладне беснее во реонот меѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Поради силниот ветер, што дува непрекинато, отежнато е неговото гаснење.

„Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат од Центарот за справување со кризи од Велес од каде додаваат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие тие села во Овчеполието.

Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“, како и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.