Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар над Пехчево, на кризен штаб договорено е да се дејствува со два хеликоптери од воздух

/

пред 797 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи доцна синоќа одржа кризен штаб за пожарот кој повторно изби над Пехчево на кој договорено е од рано утрово на терен од воздух да се дејствува со два полициски хеликоптери.

За таа намена поставен е специјален базен со вода на стадионот во Пехчево, а вода ќе се полни и од базен со вода на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници.

Вчера во големиот пожар во Пехчевско изгоре единственото возило на ДПД Пехчево.

Информацијата ја објави заменик директорот на ЈП Национални Шуми, Кире Михаилов.

Информира дека освен материјална штета, за среќа, пожарникарите се добро, се здобиле со помали изгореници.

– За жал ни се случи голема катастрофа. Зафатено од пламените јазици ни изгоре единственото противпожарно возило на ДПД – Пехчево, за среќа колегите пожарникари се здрави и живи и поминале со помали изгореници, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Врз пожарот ќе се делува и од копно за што ангажирани ќе бидат пожарникари од Берово, Виница, Кочани, Кавадарци како и вработени од Национални Шуми и тим од ДЗС.

Нов пожар над Пехчево, изгоре џип на локалната самоуправа – моментно се активни 10 низ цела држава