Неколку криминалци кои се осомничени за тешки кривични дела се лишени од слобода во големата полициска акција што се реализира денеска на подрачјето на Скопје, дознава Телма од полициски извори. Во неа, учествувале полициски службеници од СВР Скопје во содејство со специјалци од единицата „Тигар“.
Како што дознаваме, при претресите во акцијата се биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потврдуваат сознанијата на Телма и повеќе детали најавуваат за утре.
Сашко Димовски











