Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема полициска акција, се апсат поранешни директори на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и РЕК Битола за проневера тешка 6,5 милиони

/

пред 675 дена

Сподели преку :

Голема полициска акција, се апсат осомничени за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што била нанесена штета од 6,5 милиони евра.

Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата. Во акцијата опфатени се  и четири правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје. Според неофицијалните информациите на Телма, Ковачевски е во бегство.

А поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ е приведен. Дел од медиумите објавија дека осомничен е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ, како и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.. МВР се уште не соопштуваат повеќе детали за оваа акција.