Јапонија е погодена со голем снежен бран. На северот на островот Хокаидо, за 12 часа паднаа 120 сантиметри снег.
Новинарите на локалната телевизија во градот Обихиро имаа проблем да излезат на терен и да стигнат до местата од кои сакаа да известуваат за големата снежна бура.
Големите врнежи снег ќе продолжат и наредните денови до четврток, најавуваат метеоролозите. Тимовите за итен одговор се на терен за да овозможат функционирање на областите каде има големи наноси снег.
View this post on Instagram











