Голем пожар крај кејот на Вардар, во Карпош 4, на улицата „Никола Парапунов“. Горат бараки во близина на мостот „Обединети Нации“. Пожарот е пријавен пред 12 часот. Најмалку пет противпожарни возила досега пристигнаа на местото на настанот.
Со пожарот се борат над 10 пожарникари, но и вработени во околните фирми. Имаше и прелет на „Ер трактор“ кој дејствуваше врз опожареното подрачје.
View this post on Instagram











