Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горат седум од осум висококатници во комплекс во Хонг Конг – 13 лица загинаа, над 10 се повредени

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Седум од осум згради на комплексот Ванг Фук Корт во Хонг Конг во пламен. Ситуацијата е драматична, а во гаснењето на пожарот учествуваат 128 противпожарни возила и 57 на Итната помош, а на терен се ангажирани вкупно 76 пожарникари. Досега се потврдени 13 смртни случаи, меѓу кои пожарникар, над 10 лица се повредени.

Пожарот бил пријавен во противпожарната станица околу 14:51 часот, а четири часа подоцна алармот е подигната на петто ниво, највисоко во градот. Поради пожарот, итно е евакуирано населението во привремени засолништа

Ванг Фук Корт е еден од многуте станбени комплекси во Хонг Конг кој е едно од најгусто населените подрачја во светот. Во округот Таи По, во близина на границата со Кина, живеат околу 300.000 луѓе.