Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека Град Скопје почнува со реализација на проектот за Брз автобуски превоз откако Владата на седница го одобри договорот за негова имплементација.
Проектот за БРТ во Скопје почна да се реализира во 2020, во време на владата на СДСМ кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а договорот за заем од Европската банка за обнова и развој го потпиша тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ преку партиски прес-конференции и соопштенија остро го критикуваше проектот.











