Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиевски платил казна и го пријавил анкетниот лист во ДКСК – ќе бара одговори зошто Чучуљ го споменал лично како функционер кој не го направил тоа

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерашната „Топ Тема“ беше прашан дали платил казна за ненавремено недоставување на анкетниот лист до ДКСК. Тој призна дека била негова неодговорност поради преголемиот фокус и обврските во Градот Скопје, па така платил казна и го доставил анкетниот лист.

Сепак Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период ќе го постави прашањето за останатите функционери кои не ги доставиле анкетните листови, бидејќи како што вели тој бил  лично споменат од претседателот на ДКСК Адем Чучуљ како единствен функционер кој тоа не го направил.

Тој посочи дека неговата состојба е непроменета уште кога бил советник во општината Кисела Вода и дека претходно имал повеќе возила, а сега има само едно возило.

Скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски од ДКСК има добиено два прекршочни налози за непријавување на имотна состојба

Орце Ѓорѓиевски ќе го пополни анкетниот лист следната недела и ќе ја плати казната

Т.Д.