Голем пожар избувна денеска на депонијата Дрисла кај Скопје, но од Противпожарната бригада уверуваат дека засега нема опасност огнот да се прошири надвор од депонијата.
Екипите се на терен и работат на локализирање на пожарот. Засега нема информации за повредени лица, но густ чад се шири над околината.
Постојат сомнежи дека пожарот е намерно предизвикан, а надлежните најавија истрага за утврдување на причините.











