Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гори објект на поранешна фабрика за текстил во Радовиш

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Пожар се шири во објект на поранешната фабрика за текстил во Радовиш. Во просториите кои се зафатени со огнот имало производствен погон и машини.

Во моментов на терен се повеќе противпожарни екипи кои се обидуваат да го локализираат огнот.

Од противпожарната единица во Радовиш известија дека горел магацин во просториите на поранешен Декортекс, во кои имало запаливи материјали.

„За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен. Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари,а на помош пристигнаа и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово“, соопштија од противпожарната во Радовиш.

Последните информации се дека пожарот е локализиран. Неколку  пожарникари вдишале поголема количина на чад и имале полесни изгореници.

Причината за пожарот дополнително ќе се утврдува. .

Фотографиите се преземени од Radovish news  и од Протвпожарната во Радовиш