Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горивата засега под контрола, следи тешка година за буџетoт, можни се нови задолжувања

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Цената на дизелот иста, бензините поевтини за 2, 5 денари. Од Владата очекуваат вакви одлуки утре да донесат регулаторите, откако ја намалија акцизата, а ОКТА до крајот на месецов го продолжи и попустот од три денари. До крајот на април пак ДДВ то за горивата останува на 10 отсто. Вакви одлуки паднаа на денешната вонредна владина седница.

Доколку не се случеше ова намалување на акцизата литар дизел ќе беше негде околу 102 денари, може би и над 102 денари така велат нашите калкулации. А безоловниот 95 и 98 октански ќе беше поголем за 1, 5 до 2 денари, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Анализите покажале дека е зголемена и потрошувачката на гориво од страна на странски државјани на бензиските пумпи во близина на граничните премини. Се трошат и до два милиони литри дневно,  но за сега немало потреба од било какви ограничувања.

Во однос на прехранбените производи освен  укинувањето на ДДВ то кај основните производи, повторно се разгледува и опцијата за ограничување на маржите, затоа што очекувањата се дека инфлацијата за март од сегашните 2, 9 ќе се искачи меѓу 4 и 5 проценти.

Но, анализите покажуваат дека ваквите мерки ќе го чинат буџетот десетици милиони евра, што може да го продлабочи и дефицит. Можни се и нови задолжувања. Во игра се сите опции, па  дури и кредит влада со лада. Но, овој пат премиерот тврди дека не би бил  од Унгарија.

Ако го зголемиме буџетскиот дефицит тогаш да ќе бараме пари за да го покриеме тој дефицит. Во разговори со македонските банки но и во разговори со нашите партнери во меѓународната заедница. Ние имаме опции од каде да ги обезбедиме тие пари и имаме опции да ги обезбедиме тие пари по пристојни услови, додава Мицкоски. 

Воениот конфликт на Блискиот исток ги разбранува берзите. Информациите се дека ќе трае подолго. Владините предвидувања се дека пред нас е тешка година.

Ирена Чачкова