Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Готен се уште гори, пет пожари на отворен простор на територија на цела држава

/

пред 444 дена

Сподели преку :

До 13:00 часот има пет пожари на отворен простор на територија на цела држава, од кои четири се изгаснати. Активен е само пожарот во општина Берово, на планината Голем Готен кон Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор.

Како што информира Центарот за управување со кризи , изгаснати се пожарите во општина Радовиш: на планината Голем Готен над селото Подреш, пожарот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп) и Галиште и Трстеник (Кавадарци), пожарот во кавадаречкото село Јонузлија и пожарот во општина Прилеп – село Бешиште – Бешишки Рид, крак кон село Градешница (Новаци) и крак кон граница со Грција.