Како до поголема продуктивност на вработените и градење на посилни лидерски капацитети кои директно влијаат врз успехот, стабилноста и развојот на секоја фирма.
Со бизнис советникот Лазар Ѓуров од Институтот Симбиотика кој соработува со Швајцарскиот проект за модернизација разговараме како овие предизвици полесно да се надминат преку бизнис дијагностиката.
Таа е клучна не само во дефинирање на најголемите предизвици со кои се соочуваат фирмите, туку и како да изградат силна организациска култура, стабилни тимови и одржлив раст.
Оваа активност е поддржана во рамките на Швајцарскиот проект за модернизација кој го спроведува Свисконтакт.











