Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот на Струмица прави ПР со најавата за излегување од ЗЕЛС велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ

/

пред 732 дена

Сподели преку :

Работа со Костадинов како градоначалник на Струмица не оди на арно. Неговите статуси и прес конференции се невидена манипулација со која ги става во заблуди дури и неговите подржувачи.

Одлука за напуштање на ЗЕЛС носи совет на Општина со мнозинство гласови на седница, не градоначалникот на фејсбук. Не веруваме дека некој од советниците ќе го послуша  Костадинов да направи ,,самоубиствен” чекор за општината.

Со напуштањето на ЗЕЛС се губат многу привилегии од интерес на граѓаните на Општината. На пример доколку излезе од ЗЕЛС општината ќе остане без системот за Е-Урбанизам и граѓаните и бизнис секторот ќе неможат да извадат градежни дозволи, ниту да градат или реновираат објекти.

Причините за напуштање на ЗЕЛС кои ги наведува Костадинов се единствена негова одговорност, поради неспособноста за водење на општината.

Проблемот со водата за пиење според Закон за локална самоуправа е во негова надлежност, а ,,плачењето” за наводна саботажа е неиздржано бидејќи кога на почетокот се земаа примероци за водата во Струмица и директорот на Центар на јавно здравје, и директорот на АД Водостопанство – Струмичко поле и директорите на Комуналец се кадри назначени од неговата партијата и негови блиски луѓе.

За промашување на апликацијата за грант од унгарскиот кредит, Костадинов е лично одговорен бидејќи конкурирал со грешна апликација за скап пазар, која има простор да ја исправи со нови проекти до 15 ноември.

На крај сите му нудат помош на Костадонов и премиерот Мицкоски и министрите и претседателот на ЗЕЛС и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но Костадинов оди со глава во ѕид на штета на струмичани.

Костадинов е најнеспособниот градоначалник што Струмица го имала.

Од ЗЕЛС може да си даде оставка единствено од управниот одбор, но подобро ќе биде да се даде оставка од Градоначалник на Струмица, стои во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Струмица.

Градоначалникот на Струмица најави дека општината излегува од ЗЕЛС