Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градот Скопје денес официјално ја започна јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Градот Скопје денес официјално ја започна јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.

„Новиот парк за забава, кој ќе се простира на површина од 84.000 квадратни метри, ќе биде изграден по највисоки европски стандарди и ќе понуди ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и тематски простори за семејна забава. Проектот предвидува и панорамско тркало, пиратски брод, подморница, „среќна лулашка“, зони за одмор, улична уметност и театар со затворена сцена“ објаснува градоначалникот Ѓорѓиевски.

Посебен акцент е ставен на пристапноста и безбедноста – Луна паркoт ќе биде целосно прилагоден за лица со попреченост, опремен со современи системи за надзор и прва помош.

Т.Д.

Извор на фотографија: „Pixabay“