Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градот утре во нов обид да стави крај на дел од проблемите кои го нарушија функционирањето на ЈСП

/

пред 727 дена

Сподели преку :

Граѓаните алармираат за секојдневни маки со јавниот превоз, државните ревизори утврдија нерегуларности во работењето на ЈСП, приватните превозници на чекор до одлука.

Дали ќе продолжат со работа или голготата со возниот ред ќе продолжи. Утрешната градска седница ќе одлучи во каков правец ќе се движи превозот во главниот град. Пред советниците ќе се најде иницијативата за зголемување на цената по километар, причина поради која приватниците одлучија делумно да возат. За директорот на Слобода превоз Ленин јовановски оваа состојба со превозот е крајно сериозна и одговорност мора да има.

Автобуси нема, а и тие што ги има се ретки, но затоа има нов начин на плаќање билет и тоа преку порака. Освен тоа од ЈСП информираат дека функционирањето на старата мобилна апликација Скопска ќе биде прекинато а почнувајќи од денеска ќе биде пуштена во функција нова мобилна апликација Скопје бус.

„Од понеделник (28.10.2024) стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака. Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ“ соопштија од ЈСП.

 Државните ревизори констатирале низа нерегуларности за работењето на ЈСП како поголеми трошоци од приходи,задоцнети услуги и неправилности во работата на системите за следење на возилата и оној за електронска наплата на билети.

Симона Петровска