Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓаните прашуваат, надлежните слушаат – јавна дискусија за ГУП на Карпош и Сарај

/

пред 433 дена

Сподели преку :

Имоти, улици, изградба на нови згради. Граѓаните загрижени, а дел и револтирани прашуваат, надлежните слушаат и прибираат забелешки за генералните урбанистички планови, овојпат за општините Карпош и Сарај. Иако со години наназад поднесувале забелешки, велат никој не ги слуша нивните барања.

Проблемите, но и забелешките на граѓаните се ставаат на хартија, се разгледуваат и подоцна дел од нив може да завршат во новиот ГУП. Дискусијата ќе биде преточена во дебата, каде жителите на скопските општини ќе имаат можност да разговараат со проект на кој ќе биде прикажана целосната слика за изгледот на нивното населено место. Сепак, крајната одлука ја има министерството за транспорт, а еве која е процедурата.

Карванот од Ѓорче Петров продолжи кон Карпош и Сарај, надлежните од градот задоволни од одзивот на граѓани.

По три години од истекување на претходниот ГУП, градските власти започнаа нова фаза на јавни дискусии, со цел да ги вклучат граѓаните во планирањето на урбаниот простор.

Симона Петровска