По речиси децанија и половива Макеоднија ќе добие Граѓански законик следната година.
Претседателот на комисијата за изработка на законикот, професорот Гале Галев најави дека завршила подготовката на сите 5 книги – општ дел граѓанско право, стварно право, облигациони односи наследно право и семејно право и ќе следува стурчна расправа
Граѓанскиот законик се уредува по примерот на европските кодификации и ќе обедини современи решенија на сите застарени или нерегулирани прашања и односи.
Според професоорт Галев, меѓу новините е воведување брачен договор, договор за наследство но и уредување на прашањето со затезните камати и извршувањето на побарувањата кое се базира на овие казнени камати – прашање кое го бранува општеството веќе подолго време особено откако законските измени се најдоа пред Уставен.
Министерството за правда деновиве објави дека овој сложен и обемен процес е во завршна фаза.
Граѓанскиот законик ќе даде значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните, посочија од таму.
Елена Ивановска Мукоска











