Спрегата адвокатски здруженија, извршители, судии и банки го уништуваат народот, а народните пратеници не најдоа време да разговараат со граѓаните во врска со должничкото ропство и одлуката на уставниот суд кој ја промени во контекст на застарувањата на законот за облигациони односи, алармираат граѓански здруженија. Велат дека до Собранието доставиле барање за средба, но повеќе од месец никој не ги повикал.
- „Беа зафатени со свои офшор компании, беа зафатени со пресметки за патни трошоци, беа зафатени со криминални здружувања меѓутоа не најдоа време за граѓаните, не најдоа време да ги ослободат. Сакаме да кажеме дека ние ќе продолжиме и понатаму да предлагаме нови законски иницијативи со кои што ќе ги спасиме граѓаните од должничко ропство и се надеваме на некој канал овде во собранието преку кои што ќе го направиме тоа. Ропството не е завршено, само обликот е друг“ изјави Марјан Ненов, од здружението „Но пасаран“.
„Ако претендираме за ЕУ ние мора да застанеме на страната на сите оние закони и прописи на унијата“, додава Ана Глигорова, која тврди дека не се случува само како процес во европската унија туку и во другите држави во светот, а не постои ниту ваков тип на должничко ропство.
- „Народот се наоѓа во една многу тешка состојба. Неговите народни избраници тие за кој тој ги гласал, не му помагаат, не му возвраќаат на одговорот за големиот криминал што се случува во Македонија, а тоа се оние долгови кои се напумпани , виртуелни 1/10. Се наплаќаат долгови од пред 30 години токму поради не постоење на законот за застарување кое е Уставно право кое право што го има секој граѓанин во сите држави“ изјави Ана Глигорова од здружението „Стоп за Извршители“.
Граѓанските здруженија упатија апел до пратениците да се отвори и разгледа законот за облигациони односи,за граѓаните да престанат да плаќаат вирутелни долгови.
Симона Петровска











