Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грција ја продолжи одлуката за намалено ДДВ за кафе, безалкохолни пијалоци, ресторани, превоз на патници

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Грција ја продолжи до 31 декември 2022 година намалената стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 13 отсто за кафе, безалкохолни пијалоци, ресторани, превоз на патници, билети за кино, зоолошки градини и спортски настани, пренесува „Катимерини“.

Одлуката за продолжување на мерката е ставена во нов предлог-закон на Министерството за финансии, доставен на јавна расправа.

Пониската стапка ќе важи и за танцовите школи и спортски сали.

Намалената стапка на ДДВ, која првпат беше воведена на 30 јуни 2020 година поради пандемијата на коронавирус и оттогаш беше неколкупати продолжена, требаше да истече на крајот на јуни.

Стандардната стапка на ДДВ за овие производи и услуги е 24 проценти.