Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грета Тунберг дочекана со овации и аплаузи на аеродромот во Атина по депортацијата од Израел

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Грета Тунберг и 170 активисти пристигнаа попладнево во Атина, откако беа депортирани од Израел. Тие беа дел од поголемата група членови на флотилата чамци и бродови кои се обидуваа да достават хуманитарна помош за Газа преку море. Дел од активистите претходно веќе беа депортирани, а дел од нив сè уште се наоѓаат во израелски притвор.

Тунберг и останатите ослободени активисти беа пречекани со аплаузи и овации од повеќе стотици поддржувачи на аеродромот во главниот град на Грција, кои скандираа слогани во поддршка на Палестинците со развиорени знамиња.