Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грета Тунберг во посета на невладина организација Културно-социјален центар од Тетово (Social Cultural Space Tetova)

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Активистката за заштита на животната средина Грета Тунберг во посета на новиот простор на тетовската невладина организација Културно-социјален центар од Тетово (Social Cultural Space Tetova).

Тунберг е климатски и политички активист од Шведска, првично позната по тоа што ги предизвикува светските лидери да преземат итни мерки за ублажување на ефектите од климатските промени.

„Таа го посети новиот простор во кој се преселува оваа невладина организација од Тетово, каде што во текот на изминатата недела, повеќе од сто волонтерите од нашата меѓународна мрежа во Белгија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, интензивно работеа за да ја овозможат преселбата“, се вели во објавата на Фејсбук.

Инаку тетовската јавност знае дека оваа организација до пред неколку години беше сместена во простории познати како Радио Тетово, а сега се селат во простории на поранешна печатница во градот.

Нема потврда на информациите дали Тунберг утре ќе ги посети и протестите за заштита на реката Дошница.

Таа пред да дојде во Македонија ја посети Тирана каде учествуваше на протест против страдањата на палестинскиот народ во Појасот Газа.