Од гром се запали покрив на куќа во Муртино, во силното невреме што синоќа го зафати струмичко. За среќа, огнот не се проширил на останатиот дел од куќата. Струмичките пожарникари интервенирале со едно возило и пет пожарникари.
Во Струмица насекаде се гледаат последици од невремето.
Жителите се револтирани и бараат итно решавање на проблемите. Се сомневаат дека овие поплави се поврзани со затворањето на каналот Крушевска Република.
Градоначалникот Костадинов синоќа најави интервенција на оваа улица. Рече дека ќе се направи проект и ќе се нивелира улицата.
Сузана Мицева











