Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на Албанското знаме и ги демантираше наводите за неговата поврзаност со настаните.
Во објава на Фејсбук, Груби побара јавно извинување од Коалицијата „Влен“, која го обвини дека негови блиски соработници се виновни за палењето на државниот симбол.
Тој изрази остар протест против насилството, палењето знамиња и институционалното поттикнување на тензии, и ја демантираше наводната поврзаност со инцидентот на 28 ноември.
Коалицијата „Влен“ претходно тврдеше дека лицата кои го запалиле знамето на Денот на албанското знаме се блиски соработници на Груби, иако Груби категорички го одби ова обвинување, повикувајќи се на клевета.
Тој предупреди дека ако не добие извинување во рок од 24 часа, ќе преземе правни мерки против клеветниците.











