Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓубрето во Кочани се пропушта до градската депонија – камионите од Виница, Зрновци и Чешионово-Облешево сè уште без пристап

/

пред 701 дена

Сподели преку :

Се собира сметот од улиците и домовите на жителите на Општина Кочани. Од синоќа камионите на комуналното претпријатие се пропуштаат да го носат отпадот до градската депонија.

Договор меѓу општината и граѓанските активисти и граѓаните кои пет дена протестираа без прекин е постигнат синоќа, да се собере сметот од општината и да се депонира на депонијата, која е средена, уредена и третирана со алги.

Протестот не прекинува и во текот на викендот. До депонијата не се пропушатаат возилата на општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево кои веќе шест дена не го собираат сметот од домаќинствата и фирмите. Од Општина Виница велат дека се заканува еколошка катастрофа.