Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гугл“ почнува кампања против дезинформации пред европските избори

/

пред 957 дена

Сподели преку :

„Гугл“ наскоро почнува кампања против дезинформации во пет земји-членки на Европската Унија. Одлуката е донесена пред европските избори и заострувањето на правилата за содржините на интернет.

Во јуни државјаните на блокот ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент, а пратениците се загрижени дека ширењето дезинформации на интернет би можело да влијае врз гласачите. Со Европскиот акт за дигитални услуги којшто влегува во сила неделава, големите интернет платформи и пребарувачи ќе треба да се активираат повеќе во борбата против незаконските содржини и ризикот за јавната безбедност.

Франција, Полска и Германија ја обвинија Русија дека воспоставила разработена мрежа на вебстраници за ширење на проруска пропаганда.