Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас ќе ослободи уште тројца заложници во замена за десетици Палестинци од израелските затвори

/

пред 618 дена

Сподели преку :

Хамас денеска треба да ослободи уште тројца заложници во замена за десетици Палестинци затворени во израелските затвори како дел од договорот со Израел за примирје во Појасот Газа.

Според палестински и изралески извори, заложниците кои ќе бидат ослободени се Ели Шараби (52), Охад Бен Ами (56) и Ор Леви (34). Тројцата биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Тоа ќе биде петта размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари. Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамс ја запре 15-месечната војна во Појасот Газа, во која според палестински извори, се убиени повеќе од 47.000 луѓе.