Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас: Нема да прифатиме договор за Газа коj не вклучува траен прекин на огнот

/

пред 869 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден го испраќа својот советник Брет Мекгурк назад на Блискиот Исток на разговори за ослободување на заложниците и за преговорите за примирје меѓу Израел и Хамас.

Новиот предлог за прекин на огнот сега е во рацете на Хамас, а според израелскиот план десетици израелски заложници може веднаш да бидат донесени дома, а да бидат ослободи палестински затвореници.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, од летот за Франција им изјави на новинарите дека Хамас допрва треба да го понуди својот официјален одговор на предлогот.

  • Предлогот што го опиша претседателот Бајден, е предлог што Израел го прифати претходно и којшто продолжува да го прифаќа денес. А топката е кај Хамас дали тие ќе го прифатат или не. Сега чекаме одговор од Хамас, рече Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.

Но првата реакција од Хамас не нуди надеж за прифаќање на овој мировен договор.

Висок функционер на Хамас изјави дека палестинската фракција нема да прифати никаков договор со Израел во кој јасно не се наведува „траен прекин на огнот“ и „сеопфатно израелско повлекување“ од Појасот Газа. Како што рече Осама Хамдан пред новинарите во Бејрут, Хамас им кажал на посредниците дека чекаат израелски одговор.

Додека завојуваните страни се се подалеку од решение, хуманитарната катастрофа се посилно ги притиска бегалците од појасот Газа, кои останаа без по вода поради недостигот на гориво. Тие пешачат со километри до морето каде ги перат алиштата и ги мијат садовите, а за водата за пиење им се потребни пари.

  • Како што знаете, овде е како пустина. Нема солена или слатка вода и многу страдаме. Нема алтернатива освен да се купи, а минералната вода е многу скапа и нема пари бидејќи немаме приходи- Мохамед ал-Кидра, раселен од Рафа.
  • Ние полниме вода со тоа што плаќаме и страдаме од проблемот со водата. За да ги измиеме садовите и алиштата, одиме на море и се враќаме. Галон не е доволен за еден ден. Пополнуваме два-три и секој чини три шекели за полнење, вели Маџида Абдул-Разак, раселена од градот Газа.

Во израелските бомбардирања и копнени операции во Газа загинаа повеќе од 36.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа, кое не ги двои борците и цивилите. Израел вчера информираше дека една третина од заложниците кои ги држи Хамас се мртви.

Билјана Ставрова