Милитантната организација Хамас потврди денеска дека имала директна поддршка од Иран за напад врз Израел. Тоа го изјави портпаролот на Хамас, Гази Хамед за „Би-Би-Си“.
Во нападите врз Израел настрадаа најмалку 300 луѓе, додека над 1.800 се повредени. Во нападите, пак, на Израел врз Појасот Газа се убиени 256 Палестинци, а 1.788 се поврдени.











