Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Почеток на крајот“ на војната во Газа

/

пред 733 дена

Сподели преку :

И главниот политички функционер на Хамас потврди дека нивниот лидер Јахја Синвар e убиен, но додаде дека неговата смрт само ќе ја зајакне групата, која ќе продолжи со војната, се додека нивните аспирации за ослободување на палестинскиот народ и формирање на палестинска држава, со Ерусалим како главен град не се исполнат.

  • „Потврдуваме дека оваа крв ќе продолжи да ни го осветлува патот и ќе претставува поттик за поголема непоколебливост и истрајност, движењето на Хамас ќе продолжи со заветот на основачите и мачениците додека не се постигнат аспирациите на нашиот народ за сеопфатно ослободување. Како и раќање и формирање на палестинска држава на целата палестинска почва со Ерусалим како главен град, ако сака Алах“  изјави Калил ал Хаја, главен политички функционер на Хамас.

Израелските лидери го прославија убиство на Синвар, според нив ова е пресвртница во кампањата за уништување на Хамас. Израел побара од групата да се предаде и да ослободи 100 заложници што се уште се во Газа.

Американските власти изразија надеж за прекин на огнот со лидерот на Хамас надвор од сликата. Претседателот на САД, Бајден изјави дека со ова се отвора можност да се обезбеди прекин на огнот во војната во Газа.

  • „Смртта на лидерот на Хамас претставува момент на правда. На рацете имаше крв на Американци, Израелци, Палестинци и Германци и многу други. Вчера му реков на премиерот на Израел – да го направиме овој момент можност да бараме пат кон мир, подобра иднина во Газа без Хамас“ изјави  Џо Бајден, претседател на САД.

Некои Израелци во Ерусалим изразија радост поради ликвидација на лидерот на Хамас во Газа. Тој беше на врвот на листата на најбарани во Израел, и беше клучната фигура зад нападите на 7 октомври минататата година. Тој е убиен, откако израелските војници нападнаа зграда во Рафа.

Десетици илјади Јеменци се приклучија на демонстрации во Сана во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа. Демонстрантите извикуваа слогани додека држеа палестински, либански и јеменски знамиња, пушки и плакати.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека смртта на лидерот на Хамас не означува крај на војната во Газа. Министерството за здравство управувано од Хамас на територијата вели дека над 42 илјади луѓе се убиени, откако Израел ја започна својата воена офанзива.

Tea Димковска