Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас регрутираше 30.000 момчиња

/

пред 545 дена

Сподели преку :

Бригадите Ал Касам, воено крило на Хамас, регрутирале околу 30.000 момчиња од Газа во своите редови, објавија дел од локалните медиуми. Во написите се забележува дека повеќето од регрутите претходно биле обучени во тајни воени кампови управувани од палестинската милитантна група.

Медиумите информираат дека Хамас претрпел значителни загуби во својот арсенал на оружје, особено беспилотни летала и ракети со долг дострел, поради што почнал да рециклира ракетен отпад, најверојатно неексплодирана муниција од израелската армија и да ја користи за производство на експлозивни направи и друго импровизирано оружје.

Регрутирањето на 30.000 нови борци е дел од новата воена стратегија која се потпира на герилските тактики, бидејќи на повеќето од новите регрути им недостасува обука за конвенционална борба.