Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Храната поскапува, но, ќе ја има ли во доволни количини?

/

пред 1491 дена

Сподели преку :

Тешко ќе им оди земјоделското производство на струмичките земјоделци следниот зимски турнус. Цените на репроматеријалите драстично се зголемија, па градинарите немаат сметка воопшто да се занимаваат со производство на храна. Од Сојузот на земјоделски синдикати велат дека загрижува огромната незасадена површина во струмичко.

Ѓубривата и другите репорматеријали не се единствениот производствен трошок на земјоделците. Од почекот на воениот конфликт во Украина, поскапеа горивата кои се важни за затоплкување на палстениците во зимскиот период, но и наводнуањето во овој регион, кој главно користи мотори за наводнување кои работат на бензин.

Снабдувањето со храна во следниот период го потенцираа како приоритет и Обединете Нации. Генералниот секретар Гутереш изјави дека напорно  се работи на намалување на последиците од војната во Украина, што резултира главно со енормно покачување на цените на енергенсите, ѓубривата и недостаток од жито.

Сузана Мицева