Економските прашања избија во прв план и кај Камала Харис и кај Доналд Трамп во финишот на кампањата на претседателските избори во САД. Двајцата ветија дека американската, а не кинеската, економија ќе направат да биде водечка во светот.
И демократската кандидатка и републиканскиот адут сакаат да бидат видени како оние кои ќе ги намалат даноците. И Харис и Трамп се декларираат како протекционисти и сакаат домашното производство да биде позастапена од увозот. Анкетите покажуваат дека ниту Харис, ниту Трамп немаат одлучувачка предност кај гласачите кога станува збор за економијата.
Харис го обвини Трамп дека станува се понестабилен, а тој, пак, возврати дека во случај на победа на неговата ривалка, „секој град во Америка ќе биде претворен во беден и опасен бегалски камп“. Симболично порача дека изборниот ден, 5 ноември“, ќе биде „ден на ослободување на Америка“.











