Соединетите Американски Држави во пресрет на руската инвазија биле уверени дека Украина ќе загуби во војната. На Запад претпоставувале дека Русите ќе го убијат Володимир Зеленски, па затоа од украинскиот претседател побарале да сними видео тестамент.
Според поранешниот украински министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба на безбедносната конференција во Минхен, Камала Харис го советувала Зеленски да се подготви за правење на влада во егзил, како и да бара некои воени решенија за подготовка на Украина за герилска војна.
Украинскиот дипломат потсети дека во последните денови на февруари, пред руската инвазија, му било понудено да не се враќа во Киев.
„Една личност, голем пријател на Украина, ми прати порака, а кога реков дека се враќам, ми рече „Зеленски треба да сними видео тестамент“, рече поранешниот шеф на украинската дипломатија, пренесува украинската ТВ ТСН.











