Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХДЗ со 58 мандати, „Реки на правдата“ има 44 – првични излезни анкети по денешните избори во Хрватска

/

пред 918 дена

Сподели преку :

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) води со 58 мандати пред „Реки на правдата“ (СДП) која има 44, покажуваат првичните излезни анкети што ги објавија три хрватски телевизии по денешните парламентарни избори во Хрватска.

Според нив, на трето место е Татковинско движење со 13 мандати пред „Можеме“ со 11, „Мост“ со 9, ИДС и Независната платформа Север имаат по 2 и Фокус – 1.

Како што е наведено на интернет страница на хрватската Државна изборна комисија, до 16:30 часот гласаше 1,065472 лица, што е речиси половина милион повеќе од пред четири години. Право на гласа на денешните 11. избори за хрватскиот Сабор имаа над 3,77 милиони гласачи.